Шах (од персиски: شاه - крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).

Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век). Прочитајте повеќе