Портал:Филм/Избрана статија/2008/мај

Касапски кучиња (англиски: Reservoir Dogs) e дебитантскиот филм од 1992 на режисерот и сценарист Квентин Тарантино. Филмот прикажува што се случило пред и по планираниот вооружен грабеж на накит, но не го прикажува и самиот чин на кражбата. Касапски кучиња е составен од глумечката екипа на Харви Кител, Тим Рот, Мајкл Медсен, Крис Пен, Стив Бушеми и Лоренс Тиерни. Тарантино исто така има мала улога во филмот, како и познатиот автор на криминалистиката, Еди Бункер. Овој филм спојува повеќе теми и естетики кои станаа заштитни знакови на Тарантино: насилен криминал, референци од поп културата, незаборавен дијалог со претерана вулгарност и нелинеарно прикажан тек на приказната.

Филмот стана класика на независните филмови и беше наречен „Најголемиот независен филм на сите времиња“ според списанието Емпајр. Касапски кучиња беше генерално добро примен, а глумците добија позитивни мислења од филмските критичари. Иако филмот не помина со голем успех во бокс-офисот, својата популарност ја доби веднаш по успехот на вториот филм на Тарантино, Евтини приказни. Често е критизиран поради количеството на насилство, а било забележано дека некои членови на публиката ги напуштале кино-салите за време на легендарната сцена „со сечење на увото“.

повеќе...