Портал:Стара скопска чаршија/Дали знаете
- ... дека на просторот на Старата скопска чаршија се наоѓаат 25 објекти со статус на заштитено културно добро?
- ... дека црквата „Св. Спас“ дополу била изградена под земја, бидејќи отоманските власти не дозволувале црквите да бидат повисоки од џамиите?
- ... дека во рамките на Сули ан е сместен Музеј на Старата скопска чаршија?
- ... дека според некои сознанија, Даут-пашиниот амам никогаш не бил пуштен во употреба како амам?
- ... дека Мурат-пашината џамија, Чифте амамот и Сули ан ја сочинуваат единствената постојна „исламска тројка“ на просторот на чаршијата?