Портал:Религија/Избрана статија/2010/август
Симонија — црковен (еклисијастички) злостор кој се однесува на купување позиции во црковната хиерархија, наречена според Симон Маѓесникот, кој се појавува во Дела апостолски 8:18-24. Според Новиот завет, Симон Маѓесникот им понудил на апостолите Петар и Јован пари за да може да ја пренесува моќта на Светиот Дух врз оние на кои ќе им ги положи рацете. Ова е потеклото на терминот симонија, но тој исто така се однесува на сите форми на трговија со духовни вредности за пари. Симонијата била едно од важните прашања во текот на Борбата за инвеститурата.
Симонијата има многу наштетено на моралниот углед на Римокатоличката црква. Данте Алигиери ги сместува симонистите во осмиот круг на Пеколот во неговата Божествена комедија. Прочитајте повеќе