Портал:Регион Македонија/Народна Република Македонија
Методија Андонов - Ченто поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, после неколку месеци народната милиција го апси пред неговата куќа во Прилеп, по неколку месеци од неговото апсење во дводневен монтиран судски процес осуден е на 11 години робија. Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвојува првиот Устав на НР Македонија. Формирано е Друштвото на писателите на Македонија. Основана е Македонската опера. Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија. Основан е Македонскиот балет. Основан е Институтот за национална историја. Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија. Основан е Универзитетот Кирил и Методиј. Формиран Македонскиот фудбалски сојуз. Основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации. Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква. 1963 г. катастрофален земјотрес во Скопје.