Портал:Перу/Избрана биографија

Пачакути.
Пачакути.

Пачакути Инка Јупанки, Куси Јупанки, Пачакути или Пачакутек (кечуански: Pachakutiq, 1438-1471/1472) бил деветтиот Сапа Инка на Кралството Куско, кое го трансформирал во Тавантинсују или Империја на Инките. Голем дел од археолозите веруваат дека најпознатиот симбол на Инките, Мачу Пикчу, кој бил изграден како негова резиденција.

На кечуански јазик името му значи „оној кој тресе земјата“. За време на неговот владеење, Куско прераснало во Империја, така од мало кралство се преобразило во Империја која се протегала низ скоро цела должина на Јужна Америка. Пачакути е син на Виракоча и четврт владетел од династијата Ханан. Името на неговата жена било Мама Анаварки или Која Анахурке. Тој имал два сина: Амару Јупанки и Тупак Инка Јупанки. Амару, постариот син, требало да биде наследник на Пачакути, но тој го избрал Тупак бидејќи Амару не бил војник. (Повеќе...)