Портал:Кулинарство/Избрано овошје
Бергамот (Citrus aurantium подв. bergamia) е мал, отприлика крушест агрум. Ова овошје за прв пат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут. Расте на мали дрва со исто име.
Овошјето главно се одгледува на Јонскиот крајбрежен регион во покраината Реџо Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовни и алувијални наслаги. Прочитајте повеќе