Портал:Крстоносни војни/Избрана статија
Темплари — витешки ред основан е околу 1119 година во Светиот град Ерусалим. Според преданијата, витезите колку што биле храбри, толку во почетокот биле и сиромашни, па најчесто на сликите се прикажани како двајца витези јаваат еден коњ. Набргу Темпларите со одобрение на Папата ќе станат најмоќната воена сила во средниот век. Темпларите имале голема финансиска и политичка моќ и се сметаат за основоположници на првите банки во Европа. Својата моќ ја задржале сè до XIV век кога конечно ги уништил кралот Филип IV убавиот. За името на Темпларите поврзани се многубројни легенди меѓу кои и легендата дека тие биле чуварите на најголемата црковна тајна – што е и каде се чува Светиот грал. Прочитајте повеќе