Портал:Книжевност/Избрана статија
Персиската литература (на персиски: ادبیات پارسی) опфаќа два и пол милениуми, иако многу од предисламскиот материјал е изгубен. Нејзините извори често доаѓаат од далечни региони кои се надвор од границите на денешен Иран, бидејќи персискиот јазик процветал и преживеал и во региони на Средна Азија. На пример, Руми, еден од најсаканите персиски и исламски поети пишувал на персиски, но живеел во Конија, денес во Турција, а тогаш главен град на Селџуците. Прочитајте повеќе