Портал:Книжевност/Избрана биографија

Александар Сергеевич Пушкин (рус. Александр Сергеевич Пушкин, 6 јуни [ст. ст. 26 мај] 1799 — 10 февруари [ст. ст. 29 јануари] 1837) е руски романтичарски автор кој многу луѓе го сметаат за најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература. Пушкин бил првиот кој го употребувал разговорниот јазик во неговите поеми и претстави, создавајќи притоа стил на раскажување помешано со драма , романтика и сатира. Тоа раскажување отсекогаш било асоцирано со руската литература и имало големо влијание на руските автори. Прочитајте повеќе