Портал:Индијанци/Вовед
Терминот Индијанци или американски староседелци е назив за целокупното домородно население што на териториите на Северна Америка, Јужна Америка и Средна Америка. Тоа неселение е единствено население што живеело на овие територии сѐ до 15 век. Од 15 век почнува населувањето на европските народи особено од Шпанците и Англичаните. Прв човек од Европа кој официјално пристигнал на американскиот континент бил Кристофер Колумбо и тој населението го нарекол Индијанци мислејќи дека стигнал во Индија. Тоа име останало и до ден денес, иако во САД и во Канада почнува да се користи терминот американски староседелци. Индијанското население низ историјата претрпело големи егзодуси, мачења и војни. Големи неправди се направени врз нив и денес како резултат на мачната и тешка индијанска историја, населението живее во резервати со мизерни услови за живот. Поголем број од етникумите се убиени и исчезнати, а денес опстојале само најупорните од нив. Денес голем број на Индијанци се интегрирани во општествата на Канада и САД. Во Канада индијанското население има и своја држава — Нунавут. Прочитајте повеќе