Портал:Велосипедизам/Вовед
Велосипедизам — употреба на велосипеди за сообраќај, рекреација или за спорт. Лицата кои возат велосипеди се нарекуваат „велосипедисти“. Покрај вообичаените велосипеди со две тркала, во велосипедизмот се вбројуваат и возењето на моноцикли, трицикли, квадрицикли и слични возила.
Велосипедите се појавиле во XIX век и моментално се проценува дека има над една милијарда велосипеди во светски рамки. Првите велосипеди во Македонија се претпоставува дека се појавиле исто така во XIX век. Велосипедите се користат како основно средство за превоз во многу делови на светот.
Велосипедизмот нашироко се цени како многу делотворен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи значајна фискултура со возењето велосипед, меѓу кои се вбројуваат намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот и помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предности влегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина (занемарливо оштетување на патиштата, помала зафатнина на патишта). Со можноста за закачување на велосипеди на автобусите, сообраќајните претпријатија можат значајно да ги зголемат областите кои ги опслужуваат. Прочитајте повеќе