Портал:Астрономија/Избрана статија
Јупитер — петтата планета од Сонцето и убедливо најголема во Сончевиот Систем. Покрај Јупитер има уште три гасовити џинови во Сончевиот Систем — Сатурн, Уран и Нептун.
Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол.
Јупитер е 2,5 пати помасивен од сите други планети заедно, дотолку што неговото тежиште всушност лежи над Сончевата рамнина (1.068 сончеви полупречници од средиштето на Сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со пречник 11 пати поголем од Земјиниот, и со волумен 1.300 пати поголем од Земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитациско влијание доминирало во развојот на Сончевиот Систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторска рамнина. Мнозинството краткотрајни комети припаѓаат на Јупитеровото семејство (како последица од Јупитеровата маса и релативна брзина). Керквудовите празнини во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитеровата гравитација, па дури се смета дека е можно да е одговорен за подоцнежното големо бомбардирање на внатрешноста на Сончевиот Систем. Прочитајте повеќе