Портал:Архитектура/Избрана статија/2009/февруари
Куќа на село — архитектонски израз кој во Британија и Ирска се однесува на голема куќа (дом) која е изградена на земјоделски посед на село како приватна резиденција на земјопоседникот. Речиси сите вакви куќи во Британија и Ирска биле изградени пред 1914.
Куќата на село некогаш била средиштето на земјоделскиот посед кој бил доволно голем за да му овозможи на сопственикот доволен приход за да може да влезе во аристократијата или благородништвото. Во 19-тиот век и пред тоа ова значело дека поседот треба да биде поголем од 1000 акри (4 км²). Некои великопоседници (но само малкумина) поседувале имот повеќе од сто пати поголем од овој минимум, и оваа нееднаквост во рамките на владеачката класа се отсликувала во опсегот на куќите. Прочитајте повеќе