Портал:Архитектура/Избрана биографија/2010/јули
Кензо Танге (1913 — 2005) — јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на 20. век.
На почетокот од својата кариера, Танге бил под влијание на Ле Корбизје, а првата слава ја стекнал во 1949 година кога победил на конкурсот за изработка на планот за градот Хирошима. Во 1950-тите години се стремел кон метаболистичкото движење, а кон крајот на 1950-тите, бил и еден од основоположниците на архитектонскиот струкутрализам. Прочитајте повеќе