Портал:Античка Македонија/Дали знаете
- ... дека според легендата, кралот Каран бил првиот македонски крал?
- ... дека според античкиот македонски календар, годината започнувала со месецот октомври, кој бил именуван по врховниот Бог на Античките Македонци Дион?
- ... дека како единица мерка за должина во Античка Македонија, се користел македонскиот кубит, чијашто должина на една единица била еднаква на 35.5 cm, што било пократко од должината на другите кубити во тоа време?
- ... дека македонскиот крал Александар I бил првиот странец којшто учествувал на Античките олимписки игри?