Поп Ќира и поп Спира (филм)

„Поп Ќира и поп Спира“ (српски: Поп Ћира и поп Спира) е југословенски филм од 1957 година во режија на Софија Соја Јовановиќ. Главните улоги ги играат: Јован Гец, Љубинка Бобиќ, Милан Ајваз, Слободан Перовиќ и Властимир Ѓуза Стојиљковиќ. Филмот е снимен по мотивите од истоимениот роман на Стеван Сремац, а за него е значајно тоа што е првиот југословенски филм во боја.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот е сместено во едно идилично и живописно село во која две поповски семејства живеат во меѓусебна слога и пријателство. Меѓутоа, во селото доаѓа младиот учител Петар Петровиќ и неговото присуство предизвикува раздор во двете семејства, кои него го сметаат за иден сопруг на својата ќерка...

Наводи

уреди