Поморски споменик Лабо
Поморски споменик Лабо (понекогаш Кула Лабо) — споменик сместен во Лабо, близу Кил, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Започнат со градба во 1927 година и завршен во 1936 година, споменикот првично бил посветен на германските морнари од Првата светска војна, додека загинатите морнари од Втората светска војна биле додадени по 1945 година. Во 1954 година бил повторно изменет во чест на сите морнари од сите земји кои загинале во текот на двете светски војни.
Поморски споменик Лабо | |
---|---|
Marine-Ehrenmal Laboe | |
Лабо, Германија | |
Поглед на споменикот, посветен на загинатите морнари од двете светски војни | |
Координати | 54°24′43.87″N 10°13′50.87″E / 54.4121861° СГШ; 10.2307972° ИГД |
Изграден | 1927 | –1936
Изградил | Густав Август Мунцер |
Висина | 72 м |
Споменикот се состои од 72 метри висока кула на која се наоѓа платформа за набљудување. Платформата се наоѓа на 85 метри над морето. Сала за сеќавање и германската подморница У995 од Втората светска војна, која претставува технички музеј, се наоѓаат во подножјето на споменикот, а местото е омилено туристичко место. У995 е единствената преостаната подморница од нејзиниот вид.
Кулата била проектирана од архитектот Густав Август Мунцер,[1] кој изјавил дека обликот не претставува ништо одредено, туку тој треба да поттикнува позитивни чувства во оние што го гледаат. Често е поврзуван со труп на викиншки брод.
Споменикот на италијанските морнари во Бриндизи, Италија (започнат во 1932 година, завршен во 1933 г.) — сличен со кулата Лабо. Споменикот е отворен секој ден од 9:30 до 18:00 часот.[2]
Галерија
уреди-
Кулата Лабо погледнато од море, со подморницата У995 на плажата
-
Споменикот Лабо одблизу
-
Плоштадот пред споменикот
-
Плоча во чест на загинатите американски морнари
-
У995, сликана од врвот на кулата
Наводи
уреди- ↑ „Munzer, Prof. Gustav August (1887–1973), Architekt und Schöpfer des Marine-Ehrenmals in Laboe“. Архивирано од изворникот на 2011-11-23. Посетено на 2014-10-08. (германски)
- ↑ „Naval Memorial in Laboe“. Архивирано од изворникот 16 April 2023. Посетено на 2023-04-16.
Надворешни врски
уреди- Поморски споменик Лабо на Ризницата ?
- Германски поморски сојуз
54°24′43.87″N 10°13′50.87″E / 54.4121861° СГШ; 10.2307972° ИГД