Полигликолид

хемиско соединение

Полигликолид или поли(гликолна киселина) (PGA) е биоразградлив, термопластичен полимер и наједноставниот линеарен, алифатичен полиестер. Може да се подготви од гликолна киселина како прекурсор, со методите на поликондензација или полимеризација со отворање на прстенот.

PGA е познат од 1954 година како цврст полимер што формира влакна. Меѓутоа, поради неговата хидролитичка нестабилност, неговата употреба првично била ограничена. [1] Во сегашноста полигликолидот и неговите кополимери (поли(млечна- <i id="mwFw">ко</i> -гликолна киселина) со млечна киселина, поли(гликолид- ко -капролактон) со ε-капролактон и поли (гликолид -ко -триметилен карбонат) со триметилен карбонат ) се широко користени како материјал за синтеза на апсорбирачки конци и се истражуваат за примена во биомедицината. [2]

Физички својства

уреди

Полигликолид имаат температура на стаклосување помеѓу 35 и 40 степени °C и точка на топење од 225 до 230 °C. PGA, покажува степен на кристалност околу 45-55%, што резултира со нерастворливост во вода. [2] Растворливоста на овој полиестер е невообичаена. Неговата форма со висока молекуларна тежина е нерастворлива во речиси сите вообичаени органски растворувачи (ацетон, дихлорометан, хлороформ, етил ацетат, тетрахидрофуран), додека олигомерите со мала молекуларна тежина се порастворливи. Сепак, полигликолидот е растворлив во високо флуорирани растворувачи како хексафлуороизопропанол (HFIP) и хексафлуороацетон сесквихидрат, кои може да се користат за подготовка на раствори на полимер со висок MW за предење и подготовка на филмови. [3] Влакната од PGA покажуваат висока јачина и модул (7 GPa) и се особено крути. [2]

Синтеза

уреди

Полигликолид може да се добие преку неколку различни процеси почнувајќи од различни материјали:

  1. поликондензација на гликолна киселина ;
  2. полимеризација на гликолид со отворање на прстен;
  3. поликондензација во цврста состојба на халогеноацетати

Поликондензацијата на гликолна киселина е наједноставниот процес достапен за подготовка на PGA, но не е најефикасен бидејќи дава производ со ниска молекуларна тежина. Во оваа постапка, гликолната киселина се загрева на атмосферски притисок и температура од околу 175 до 185 °C. [4]

Најчестата синтеза што се користи за производство на форма на полимер со висока молекуларна тежина е полимеризацијата со отворање на прстенот на „гликолид“, цикличниот диестер на гликолната киселина. Полимеризацијата на гликолидот може да се катализира со користење на различни катализатори, вклучително соединенија на антимон, како што се антимон триоксид или антимон трихалиди, соединенија на цинк (цинк лактат) и соединенија на калај како октоат калај (калај (II) 2-етилхексаноат) или калај алоксиди.

 
Полимеризација на гликолид во полигликолид со отворање прстен

Примена

уреди
 
Конци направени од полигликолна киселина. Овие конци се адсорбирачки и се разградуваат од телото со текот на времето.

Иако познат од 1954 година, PGA најпрво имал мала употреба поради неговата чувствителност на хидролиза во споредба со другите синтетички полимери. Меѓутоа, во 1962 година овој полимер бил искористен за да се развие апсорбирачки конец за шиење.[1] По неговото обложување со поликапролактон и калциум стеарат, започнува да се продава под брендот Assucryl.

Традиционалната улога на PGA како биоразградлив материјал за шиење довел до негова евалуација во други биомедицински области. Медицински уреди за имплантирање се произведени со PGA, вклучувајќи прстени за анастомоза, иглички, шипки, плочи и завртки. [2] Исто така овој материјал се истражува за инженерство на ткиво или контролирана испорака на лекови.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Gilding, D. K.; A. M. Reed (December 1979). „Biodegradable polymers for use in surgery - polyglycolic/poly (lactic acid) homo- and copolymers: 1“. Polymer. 20 (12): 1459–1464. doi:10.1016/0032-3861(79)90009-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Middleton, J.; A. Tipton (March 1998). „Synthetic biodegradable polymers as medical devices“. Medical Plastics and Biomaterials Magazine. Архивирано од изворникот на 2007-03-12. Посетено на 2006-07-04.
  3. Schmitt, E.: "Polyglycolic acid in solutions", U.S. Pat 3 737 440, 1973
  4. Lowe, C. E.: "Preparation of high molecular weight polyhydroxyacetic ester", U.S. Pat 2 668 162, 1954