Пожар (филм од 2020)
„Пожар“ (руски: Огонь) — филм на режисерот Алексеј Нижни од 2020 година. Главните улоги ги играат: Константин Кабенски, Стасја Милославскаја и Андреј Смољаков.[1]
Синопсис
уредиВо филмот е прикажана храброста на пожарникарите и сапистелите кои секојдневно преземаат голем ризик и се соочуваат со смртни опасности. Кога се загрозени луѓето, спасителите се подготвени да се фатат во борба дури и со силите на природата...