Подигањето на крстот (Рубенс)

Подигањето на крстот — средишниот дел на монументалниот триптих во катедралата во Антверпен, насликан од Питер Пол Рубенс во духот на контрареформацијата и барокот.

Подигањето на крстот
Творец Петер Паул Рубенс
Година 1610–11
Димензии 462 см × 341 см
Место Антверпенска катедрала, Антверпен

Историја уреди

Олтарниот триптих првично бил насликан за црквата Св. Валбургис, а сега е во катедралата во Антверпен. За време на владеењето на Наполеон, сликите, заедно со Симнувањето од крстот, биле пренесени во Париз, а биле вратени дури на крајот на 19 век.[1]

Одлики уреди

Формално и емотивно, гледачите се вовлечени во самата слика, охрабрени да се поистоветат со страдањето на Исус. Композицијата (ликовна) е заснована на силната дијагонала на Христос на крстот, чија тежина ја истакнуваат мускулестите тела кои грчевито се борат во обид да го подигнат во исправена положба. Навестување на реализам може да се најде во приказот на куче кое лае во левиот агол, чие крзно е миницуозно материјализирано.

Сликата ја спротивставува бруталната сила на крвникот со Христовата просветлена духовност. Додека тие туркаат и влечат за да го подигнат крстот, Христос лесно се вознесува кон Небесата и покрај видливата болка од трновиот венец на главата и клинците во рацете и нозете. Неговото тело е најосветлениот дел од сликата, што нè потсетува на неговиот синоним како „Светлини на светот“. Над неговата глава лебди, како бестежински, натпис на латински, грчки и хебрејски, на кој Христос се истакнува како „крал на Евреите“.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Larkin Dunton, The World and Its People, Silver Burdett, 1896., str. 164.