„Повеќе од игра“ (српски: Више од игре) – југословенски филм од 1976 година, во режија на Здравко Шотра, снимен по истоимената ТВ-серија.. Главните улоги ги толкуваат: Петар Божовиќ, Никола Симиќ, Љиљана Драгутиновиќ и Павле Вуисиќ.[1]

Синопсис уреди

Дејствието се одвива во Градина, измислено место во Србија во периодот од 1931. до 1941. година при што е прикажано влијанието на неколку значајни настани: економската криза од 1931 година, препородот и судирот со фашизмот во 11937 година и почетокот на народноослободителната војна во 1941 година. За сето тоа време се одвива ривалството меѓу двата фудбалски клуба — „Граѓански“ и „Раднички“ во кое фудбалската игра е само повод за другите работи.

Наводи уреди