Победа (планина)
(Пренасочено од Победа(планина))
Победа е планина и врв во Јакутија, на рускиот Далечен Исток. Овој врв е највисока точка на буордскиот планински масив како и највисок врв во Јакутија и највисока точка во североисточен Сибир. Висок е 3003 метри (3147 според старите податоци).
Победа | |
---|---|
Североисточниот дел од врвот Победа | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 3003 м |
Истакнатост | 2443 м |
Географија | |
Покраина | Јакутија |
Матичен венец | Черски |
Искачување | |
Прво освојување | 1966 |
Планината е околу 180 км североисточно од селото Уст-Нер и околу 140 километри јужно од Северниот Поларник.