Плоштад Сао Франциско

Плоштад Сао Франциско (португалски: Praça São Francisco) — плоштад во градот Сао Кристовао, во сојузната држава Сержипе во источниот крајбрежен дел на Бразил. Претставува отворен простор опкружен со градби од колонијалниот период како што се црквата и манастирот Санта Крус (црква Сао Франциско), болницата и црквата Мисеркорија, палата на провинцијалната управа и други згради од подоцнежните периоди. Комплексот е добро сочуван пример за типична францисканска архитектура на североисточниот дел на Бразил.

Плоштад Сао Франциско
Глетка од плоштадот Сао Франциско
Карта
Општи податоци
ГрадСао Кристовао, Сержипе
Земја Бразил

На 1 август 2010 година, плоштадот кој зафаќа површина од 3 хектари, бил избран за Светско наследство од УНЕСКО. Со него управуваат регионална канцеларија на Националниот институт за историско и уметничко наследство (ИПХАН) и општинската власт.

Галерија

уреди