Плачот на Еремија

книга од Библијата

„Плачот на Еремија“ — книга од Стариот завет.

Содржина уреди

Ерусалим тагува и ја оплакува својата судбина: градот е опустошен како казна за гревовите и беззаконието, поголемиот дел од народот е одведен во ропство, а оние што останале се бедни и гладни, храмот божји е опустошен, а свештениците не ја извршуваат божјата служба. Пророкот Еремија ја оплакува својата судбина и судбината на народот, но се надева на спас во божјата милост и бара казна за неговите непријатели. Исто така, тој упатува молитва кон Бога да стави крај на страдањата на Јудејците.[1]

Наводи уреди

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1011-1016.