Куповна моќ

(Пренасочено од Платежна моќ)

Во економијата, куповна моќ е количеството стоки и услуги кое парите — или поопшто, ликвидните средства — можат да го купат. Адам Смит забележал дека имањето на пари му дава на човек можност да „заповеда“ со трудот на другите, и така, платежната моќ е донекаде моќ над луѓето, дотолку што тие се волни да ги разменат своите добра или труд за пари.

Доколку паричниот приход е постојано ист, но нивото на цени се покачува, тогаш куповната моќ на тој приход се намалува. Инфлацијата не секогаш подразбира намалување на куповната моќ на нечиј реален приход, бидејќи паричниот приход може да расте побрзо од инфлацијата.

За индексот на цени, вредноста во основната година обично се нормализира на вредност од 100 во основната година. Формулата за куповна вредност по единица пари, на пример евро, релативна на стандардниот индекс на цени Ц во дадена година е 1/(Ц/100). Така, по дефиниција куповната моќ на еврото се намалува како што нивото на цени расте.

Куповната моќ на денешните пари во износ од C, t години подоцна, може да се пресмета со формулата за сегашна вредност:

каде тука i е претпоставената годишна стапка на инфлација во иднината.

Поврзано

уреди