Плазмогамија
Плазмогамијата е фаза во половото размножување во која има спојување на цитоплазмите на две гамети или две хаплоидни соматски клетеки. Клетката добиена по пат на плазмогамија е дикарион, односно во неа има две хаплоидни, генетски различни јадра.
По плазмогамијата често следи кариогамија, со образување на зигот, кој е клетка со диплоиден број на хромозоми. Кај повеќето виши организми плазмогамијата и кариогамијата се јавуваат последователно, и тоа пред да се умножи дикарионот.
Кај поголем дел од габите, плазмогамијата и кариогамијата се процеси одделени со дикариотска фаза во која дикарионот се умножува.