Пикадо
Пикадо ( англиски: darts, германски: Wurfpfeilspiel) — игра во која еден или повеќе натпреварувачи фрлаат мали стрели во тркалезна мета со пречник од 45,1. Метата е поделена на делови и секој дел носи одреден број на бодови. Таблата е од дрво. Се наоѓа на стандардно растојание од 2,37 од натпреварувачот и е обесено на ѕид или друга поддршка на растојние од 1,73 од подот до центарот на таблата. Дијагоналата од линијата за фрлање до центарот на метата е во должина од 2.934.
Пикадо е игра за разонода, но исто така претставува и професионален спорт.[1]
Играчите наизменично фрлаат три стрели на таблата. Се додаваат броевите на погодените полиња. Целта на играта е да се достигне нулата почнувајќи од договорениот број (301 или 501), под услов последното фрлање да биде двојно или центар.( англиски: Bull's Eye, Double-Bull ).
Постојат неколку различни режими на игра, но и различни табли за покадо. Најраспространета е играта со "часовник табла", која потекнува од Англија од 1896 година. Таа била така именувана бидејќи личела на ѕиден часовник. Метата била поделена на кружни венци (прстени) со различни ширини со помош на концентрични кругови. Полупречникот на централниот круг е 0,6, b е ширината на венец 1,5, 7,5 c венец, Круг d 0.9, 5.4 e венец, Круг f 0,9, и периферна венец, 6.25. Целата мета, освен кругот а и венецот б, е поделена на 20 еднакви (жолто-црни, црно-бели или црвено-зелени) сектори (делови), означени со броеви 1 до 20 на периферниот венец. Фрлањата се вреднуваат со соодветни бодови. Високите резултати се многу блиску до ниските, така што доколку имате цел да постигнете висок резултат, доволно е мала грешка за да се погоди нискиот резултат (највисокиот резултат од 20 бода е помеѓу 5 и 1, на пример).[1]
Извори
уредиНадворешни врски
уреди- Светски пикадистички сојуз (англиски)