Пивско Езеро (црногорски: Пивско језеро) ― вештачко езеро/резервоар во Црна Гора. Се наоѓа во северозападниот дел на земјата, во Општина Плужине. Површината на езерото е 12,5 км2, должината е 45 км, а максималната длабочина е 188 м. Сместена е на 675 м надморска височина.

Пивско Езеро
Пивско Езеро во рамките на Црна Гора<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Недостасува операнд за *%; left: -831.8%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;">
Пивско Езеро
ПодрачјеОпштина Плужине
Координати43°09′50″N 18°51′43″E / 43.164° СГШ; 18.862° ИГД / 43.164; 18.862
Главни приливиПива
Главни истециПива
Сливни земјиЦрна Гора
Најг. должина45 км
Најг. ширина0.7 км
Површина&1000000000000012500000012,5 км2
Најг. длабочина188 м
Надм. височина675 м
Населени местаПлужине

Вештачкото езеро е резултат на изградбата на браната Мратиње на реката Пива.[1] На дното на езерото се наоѓа стариот град Плужине; Таму бил и манастирот Пива, но тој е преместен. Новата местололожба на манастирот е 8 км од Плужине, и 3,5 км оддалечен од првобитната местоположба на манастирот. Преселувањето започнало во 1969 година, а завршило во 1982 година.[2]

Наводи

уреди
  1. Schappelwein, Karl (1999). Atlas of Eastern and Southeastern Europe. ISBN 9783443285210.
  2. „Архивиран примерок“. montenegroexplorer.co.me. Архивирано од изворникот на 23 февруари 2010. Посетено на 6 август 2023.