Пејзаж, коњ на патот
Пејзаж, коњ на патот — слика од масло на платно од 1899 година од Пол Гоген, сега во музејот Пушкин во Москва.
Историја
уредиНасликано на Тахити, делото не било веднаш испратено во Европа, туку со багажот на уметникот од Тахити до Маркиските острови. Во 1903 година, од Хива Оа на архипелагот Маркизи, Гоген го испратил до својот уметнички дилер Амброаз Волард во Париз, со што ова дело и девет други станале последната пратка што ја испратил во Франција пред неговата смрт.[1]
Било купено од Волард на 10 ноември 1904 година од Сергеј Шчукин под наслов Пејзаж.[2] Колекцијата на Шчукин била запленета од државата по Октомвриската револуција и доделена на Државниот музеј за модерна западна уметност од 1923 до 1948 година, а потоа во неговиот сегашен дом музејот Пушкин.
Наводи
уреди- ↑ (на руски) Marina Alexandrovna Bessonova and E. B. Georgievskaya, Георгиевская Е. Б. Франция второй половины XIX — XX века. Собрание живописи / Государственный музей изобразительных искусств имени А. С. Пушкина. — М.: Красная площадь, 2001. — 399 с. — ISBN 5-900743-58-6., p.78
- ↑ Перцов П., Щукинское собрание французской живописи. Музей новой западной живописи. — М.: Издание М. и С. Сабашниковых, 1921. — 120 pages - p.108