Череп (пештера)
Череп — пештера во Македонија во подножјето на планината Бистра, помеѓу кичевските села Тајмиште и Бачишта. Пештерата Череп се наоѓа во атарот на планинското село Бачишта, кај месноста викано Вачишки ливади покрај Вачишка река. Пештерата „Череп“ стана многу актуелно во македонската јавност во почетокот на септември 2016 година, кога италијански истражувачи пронашле делови од скелет (черепи, коски и сл.), при што пријавиле во кичевската полиција.[1]
Череп | |
---|---|
Место | помеѓу селата Тајмиште и Бачишта, Македонија |
Надм. височина | 1480 м |
Влезови | 1 |
Според последните информации од обвинителството од оваа пештера позната под името „Череп“, во првото собирање на почетокот на септември, беа подигнати околу 19, а до текот на месецот уште 40 черепи и други остатоци. Пронајдените остатоци се пренесени на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, каде ќе биде извршена нивна обработка.
Опис
уредиПештерата се наоѓа во атарот на кичевското село Тајмиште, во шумски предел со тешко достапна патека. До неа се стигнува по локален пат, дел асфалтиран, а поголем дел земјен и прилично тешко прооден, во должина од околу 25 км од магистралниот пат Гостивар – Охрид, односно на неколку километри од превојот „Стража“. До самиот влез на шумата се доаѓа по тесна планинска патека, на стрмна угорница. Самиот влез во Пештерата е тесен и не повисок од 1,20 м. Од нејзиниот влез се продолжува кон тесни тунели во вид на природни ходници, на чии ѕидови надвисуваат бројни сталагмити со различни големини. Уште на самиот почеток од тесните пролази низ Пештерата, на околу 5 - 6 метри од т.н. влез, видливи се остатоци од ископана дупка, најверојатно од трагачи по богатства.
Наводи
уреди- ↑ „Пронајдени човечки черепи во пештера во кичевско“. Нова ТВ. 2016-09-03. Посетено на 2016-09-03.