Петрос Јоанидис (грчки: Πέτρος Ιωαννίδης) е грчки андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Петрос Јоанидис
Роден ?
Кавала, денес Грција
Починал ?
 ?

Животопис

уреди

Јоанидис е роден во Кавала, тогаш во Османлиското Царство. Станал клефт (ајдутин), а по засилувањето на грчката вооружена пропаганда се приклучил на грчката кауза и влегол во андартска чета. Заедно со Атанасиос Минопулос ги обиколувале Халкидик, Солунско и Серско.

Во Првата балканска војна војна учествувал како доброволец под команда на полковникот Василиос Папакостас. Во Втората балканска војна ја заштитувал северната граница на Халкидики од евентуален напад од бугарска страна [1][2].

Извори

уреди
  1. Αρχείο Διεύθυνσης Εφέδρων Πολεμιστών Αγωνιστών Θυμάτων Αναπήρων (ΔΕΠΑΘΑ), Αρχείο Μακεδονικού Αγώνος, φ. Ι-28
  2. Κολιόπουλος, Ιωάννης Σ. (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σ. 67