Петел со ангел (кована пара)
Петел со ангел — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година.
Година на петелот - петел со ангел | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 28,28 г |
Димензии | 38,61 мм |
Облик | кружен |
Издадена | 2017 |
Цена | 3.500 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во средината на кованата пара се претставени Грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]
Опачина
уредиНа опачината, во средината на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над средината на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ПЕТЕЛ СО АНГЕЛ"“. Посетено на 8 јануари 2018.