Песни (Васил Куноски)
„Песни“ — збирка песни за деца на македонскиот поет Васил Куноски.
Содржина
уредиЗбирката содржи вкупно 76 песни: „Мравкин град“, „Облачиња“, „Шумски закон“, „Современ штурец“, „Не гука гугутката“, „Дете и цвеќе“, „На Медо му згорчи медот“, „Северко“, „Снегулки“, „Нека ни е“, „Касичка“, „Честит Први мај“, „Шах“, „Бобан цртачот“, „Мамино момиче“, „Каква мајка“, „Што прават“, „Што станало“, „Како да го фатам“, „Денот на мама“, „Лесна песна“, „Сонце“, „Улица“, „Кого појќе сакаме“, „Букетче“, „Стани, стани, детенце“, „Сите песој се исти“, „Нишалка“, „Мали мајстори“, „Светнете, светулки“, „Чуден мачор“, „Дете и полжав“, „Мецана“, „Дете и два полжава“, „Трите кукли“, „Прстите на Васе“, „Спаси го“, „Како тоа“, „Кој ве буди“, „Зелен фрак“, „Чуден Васе“, „Ваше и наше“, „Борачи“, „Ај, на здравје!“, „Двете дланки“, „Лиле и лет-лет Мара“, „Славејче ни долета“, „Нашиот оркестар“, „За сите деца“, „Знаете ли“, „Рипчето моли“, „Пред семафор“, „На село“, „Еден Вања“, „Што значи ав-ав“, „Ало, ало“, „Убаво, поубаво, најубаво“, „Верверичка“, „Зајаче“, „Вози Стево“, „Најубавиот чун“, „Шеширот на дедо“, „Ајде, дете спиј“, „Бебенце“, „Чук-чук“, „Ластовиче долета“, „Како прасе расте“, „Што му е“, „Штурчето свири“, „Весела година“, „Ама стражар“, „Дај ми ја, мамо“, „Бунди“, „Патка и патчиња“ и „Помагајте“.[1]
Изданија
уредиКнигата била објавена во 2004 година од издавачката куќа Просветно дело, Редакција „Детска радост“, а во рамките на библиотеката „Лектирни изднаија“. Автор на илустрациите е Томе Манески, дизајнот и ликовно-графичкото уредување се дело на Жарко Туниќ, а лектурата икоректурата ги извршила Катерина Ноневска. Книгата, со обем од 104 страници и големина од 20 сантиметри, била испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-578-1.[2]