Пертусис вакцина
Пертусис вакцината е вакцина која штити од голема кашлица (пертусис).[1][2] Постојат два главни типови на оваа вакцина: инактивирана вакцина која содржи цели клетки и ацелуларна.[1][2] Целоклеточната вакцина има ефикасност од околу 78%, додека ацелуларната од 71–85%.[1][3] Ефикасноста на вакцината се намалува помеѓу 2 и 10% секоја наредна година после вакцинирањето, при што тоа е поголемо кај ацелуларната вакцина.[1] Вакцината е единствено достапна во комбинација со тетанус и дифтерија вакцини.[1] Се смета дека пертусис вакцината има спасено над 500,000 животи во 2002 година.[4]
Опис на вакцината | |
---|---|
Целна болест | Пертусис |
Вид | ? |
Клинички податоци | |
MedlinePlus | a682198 |
Начин на издавање |
|
Назнака | |
ATC код | J07AJ01 J07 J07 J07 |
DrugBank | DB15274 |
UNII | 2QNL82089R |
(што е ова?) (провери) |
Вакцинирање на мајката за време на бременоста може да го заштити и бебето.[1] Светската здравстена организација и Центарот за контрола и превенција на болеста на САД препорачуваат сите деца да бидат вакцинирани за пертусис и оваа вакцина да биде вклучена во календарот за редовна имунизација.[1][5] Кај децата се препорачуваат три дози почнувајќи од шест неделна возраст.[1][2] Дополнителни дози може да се дадат кај поголеми деца и возрасни.[1] Тука спаѓаат и лица со ХИВ/СИДА.[1]
Ацелуларните вакцини почесто се користат во развиените земји поради помалиот број на несакани ефекти.[1] Помеѓу 10 и 50% од лицата кои примиле целоклеточна вакцина развиваат црвенило на местото на инјектирање и треска.[1] Фебрилни конвулзии се јавуваат кај помалку од 1% од примателите.[1] Кај ацелуларната вакцина можна е кратка појава на оток на рамото.[1] Несаканите ефекти од двете типови на вакцини, а особено од целоклеточната, се поретки кај помали деца.[1] Целоклеточните вакцини не треба да се користат после седумгодишна возраст.[1] Сериозни долгорочни невролошки проблеми не се поврзани со двата типа на вакцина.[1]
Пертусис вакцината била развиена во 1926 година.[6] Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО.[7][8]
Наводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 „Pertussis vaccines: WHO position paper - September 2015“ (PDF). Relevé Épidémiologique Hebdomadaire. 90 (35): 433–458. August 2015. PMID 26320265. Архивирано (PDF) од изворникот 4 March 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „The Immunological Basis for Immunization Series: Pertussis Vaccines“. World Health Organization. Архивирано од изворникот на 23 March 2018. Посетено на 22 November 2017.
- ↑ Zhang L, Prietsch SO, Axelsson I, Halperin SA (September 2014). „Acellular vaccines for preventing whooping cough in children“. The Cochrane Database of Systematic Reviews. 2014 (9): CD001478. doi:10.1002/14651858.CD001478.pub6. PMC 9722541 Проверете ја вредноста
|pmc=
(help). PMID 25228233. - ↑ „Annex 6 whole cell pertussis“ (PDF). World Health Organization. Архивирано (PDF) од изворникот 24 March 2012. Посетено на 5 June 2011.
- ↑ „Pertussis: Summary of Vaccine Recommendations“. Centre for Disease Control and Prevention. Архивирано од изворникот 29 June 2011. Посетено на 12 December 2015.
- ↑ Macera C (2012). Introduction to Epidemiology: Distribution and Determinants of Disease. Nelson Education. стр. 251. ISBN 9781285687148. Архивирано од изворникот 8 September 2017.
- ↑ World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.
- ↑ World Health Organization (2021). World Health Organization model list of essential medicines: 22nd list (2021). Geneva: World Health Organization. hdl:10665/345533. WHO/MHP/HPS/EML/2021.02.