Пероксиди — група соединенија со градбата R–O–O–R, каде буквите R претставуваат радикал (дел од целосна молекула[1]), а буквите O се поединечни кислородни атоми.[2][3] Кислородните атоми се сврзани меѓусебно и со соседни елементи преку единечни ковалентни врски, означени со испрекинати или полни линии. Групата O–O во пероксидот често се нарекува пероксидна група, иако постојат извесни номенклатурни несогласувања. Овој спој се смета за заеднички повеќеатомски јон и постои во многу молекули.

Видови пероксиди, од горе надолу: пероксиден јон, органски пероксид, органски хидропероксид, пероксидна киселина. Пероксидната група е означена со сино. R, R1 и R2 ги означуваат јаглеводородните делови.

Општа градба

уреди

Карактеристичната градба на пероксидот е кислородно-кислородна единечна ковалентна врска, која меѓусебно ги поврзува двата главни атоми. Во случај молекулата да нема хемиски заменители, пероксидната група ќе има нето полнеж [-2]. Секој кислороден атом има полнеж -1 бидејќи пет негови валентни електрони остануваат во надворешната орбитална обвивка, а еден е зафатен во ковалентната врска. Поради природата на ковалентната врска, од овој распоред следува дека секој атоом има еквивалент на 7 валентни електрони, редуцирајќи ги кислородите и давајќи им негативен полнеж. На овој полнеж влијааат другите додадени елементи, така што својствата и градбата се менува зависно од додадената група или групи.

Чести облици

уреди

Најчест пероксид е водород пероксидот (H
2
O
2
), разговорно наречен само „пероксид“. Се продава како раствор во вода во различни концентрации. Познати се и многу органски пероксиди.

Покрај водород пероксидот, други најважни класи на пероксиди се следниве:

Градба и димензии на H
2
O
2
во гасовита состојба. пм = пикометар.

Номенклатура

уреди

Спојот помеѓу кислородните молекули е наречен пероксидна група (понекогаш пероксо-група, пероксилна група, перокси-спој). Номенклатурата на пероксидната група може да се разликува,[4] и претстаува исклучок од правилата за именување на повеќеатомски јони. Ова се должи на тоа што групата се сметала за едноатомска кога е откриена.[5] Поимот го вовел шкотскиот хемичар Томас Томсон во 1804 г. за соединение здружено со што повеќе кислород,[6] или пак оксидот со најголемо количество на кислород.[7]

Наводи

уреди
  1. Не мора да биде слободен радикал. „Illustrated Glossary of Organic Chemistry“. UCLA. Посетено на June 19, 2024.
  2. Greenwood, Norman N.; Earnshaw, Alan (1997). Chemistry of the Elements (2. изд.). Butterworth-Heinemann. ISBN 0080379419.
  3. Smith, Michael B.; March, Jerry (2007), Advanced Organic Chemistry: Reactions, Mechanisms, and Structure (6. изд.), New York: Wiley-Interscience, ISBN 978-0-471-72091-1
  4. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (2006–) "peroxides". doi:10.1351/goldbook.P04510
  5. „Nomenclature“. Purdue Division of Chemical Education. 2004. Посетено на 25 март 2024.
  6. Thomson, Thomas (1804). „4“. A System of Chemistry (англиски). 1 (2. изд.). Edinburgh: Bell and Bradfute. стр. division 1, page 103 – преку Google books.CS1-одржување: датум и година (link)
  7.  Harper, Douglas. „Peroxide“. Online Etymology Dictionary. no-break space character во |last= во положба 1 (help)