Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Пенологијата (од „penal“, латински poena, „ казна “ и грчкиот суфикс -logia, „проучување на“) е дел од науката за криминологија која се занимава со филозофијата и практиката [1][2] на различни општества во нивните обиди за потиснување на криминалните активности и задоволување на јавното мислење преку соодветен режим на третман на лица осудени за кривични дела.

Оксфордскиот англиски речник ја дефинира пенологијата како „наука за проучување на казните".[3]

Пенологијата се занимава со делотворноста на оние општествени процеси осмислени и усвоени за спречување на криминалот, со репресија на криминалната намера преку страв од казна. Затоа, студијата за пенологија се занимава со третман на затвореници и последователна рехабилитација на осудените криминалци. Пенологијата исто така, ги опфаќа аспектите на условната казна (рехабилитација на престапниците во заедницата), како и казнено-поправниот дел кои се однесува на безбеден притвор и преквалификација на прекршителите од една во друга безбедна институција.

Пенологијата се однесува на многу теми и теории, вклучително и оние кои се однесуваат на затворите ( реформа на затворите, злоупотреба на затвореници, права на затворениците и рецидивизам ), како и теории за целите на казнувањето ( одвраќање, одмазда, онеспособување и рехабилитација ). Современата пенологија се занимава главно со криминалната рехабилитација и управувањето со затворот. Зборот ретко се однесува на теориите и практиките на казнување во други средини како што се воспитувањето на деца, училиштето и казнените мерки на работното место.

Историја

уреди
 
Чезаре Бекарија, За криминалот и казните
 
За криминалот и казните (1766), насловна страница, 6-то издание.

Историските теории се засновале на идејата дека страшните последици ќе ги обесхрабрат потенцијалните престапници. Пример за овој принцип може да се најде во Драконскиот закон на Стара Грција и Крвавиот законик кој опстојувал во ренесансната Англија, кога (во различни времиња) смртната казна била пропишана за над 200 прекршоци. Слично на тоа, одредени прекршоци на худуд според шеријатската хадиска традиција имаат страшни казни.

Современите теории за казнување и рехабилитација на престапниците се широко засновани на принципите артикулирани во книгата „За злосторствата и казните“ објавена од Чезаре, Маркиз од Бекарија во 1764 година. Тие се фокусираат на концептот на пропорционалност . Во овој поглед, тие се разликуваат од многу претходни системи на казнување, на пример, англискиот Крвав кодекс, според кој казната за кражба била иста без оглед на украдената вредност, што го дава англискиот израз „Исто е човек да се обеси за овца или јагне“. Подоцнежниот развој на идеите на Бекарија ја направиле несмртната казна поприфатлива. Па последователно на тоа, осудените затвореници морале повторно да се интегрираат во општеството откако ќе заврши нивната казна.[4]

Следствено, на тоа и пенолозите направиле програми за професионална и психолошка едукација за престапниците кои се притворени во затвор, како и низа наредби за општествено корисна работа и условна осуда кои подразбираат грижа за престапникот во заедницата. Сепак, важноста од изрекување одредена мерка на казна за оние лица кои го прекршуваат законот се одржува со цел да се одржи општествениот поредок. 

Во поново време, некои пенолози се префрлиле од казни засновани на одмазда во форма на корекции во заедницата. „Корекциите на заедницата вклучуваат управување и надзор на престапниците во заедницата. Овие престапници ги издржуваат судските наредби или како алтернатива на затворската казна или како услов за нивно ослободување на условно од затвор. Ова значи дека тие мора редовно да поднесуваат извештаи до нивниот службеник за корекциите што ги вршат во заедницата и можеби ќе треба да учествуваат во неплатена работа во заедницата и програми за рехабилитација.[5]

Наводи

уреди
  1. Rajendra Kumar Sharma (1 January 1998). Criminology And Penology. Atlantic Publishers & Dist. стр. 2 ff. ISBN 978-81-7156-754-6. Посетено на 2 March 2013.
  2. Shlomo Giora Shoham; Ori Beck; Martin Kett (8 October 2007). International Handbook of Penology and Criminal Justice. CRC Press. ISBN 978-1-4200-5388-3. Посетено на 2 March 2013.
  3. Todd R. Clear (1994). Harm in American penology: offenders, victims, and their communities. SUNY Press. стр. 15. ISBN 978-0-7914-2174-1.
  4. Marcello Maestro, "A pioneer for the abolition of capital punishment: Cesare Beccaria." Journal of the History of Ideas 34.3 (1973): 463-468. online
  5. Corrections Prisons Parole, Department of Justice. „Community corrections“. www.corrections.vic.gov.au (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-04-28. Посетено на 2018-10-25.

Надворешни врски

уреди
  • Сајт со седиште во Обединетото Кралство CrimLinks