Паја и Јаре
„Паја и Јаре“ — филм на режисерот Мило Ѓукановиќ од 1973 година. Главните улоги ги играат: Миодраг Петровиќ Чкаља, Павле Вуисиќ, Радмила Савиќевиќ, Рахела Ферари и Александар Гавриќ.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажани доживувањата на долгогодишниот возач на камион-ладилник, заедно со неговиот помошник. Тие ја напуштаат својата работна организација зашто не сакаат да одат на дополнително школување и решаваат да работат како самостојни превозници. Сепак, по многу непријатности, тие сфаќаат дека е најдобро да се вратат во својата организација каде вредно учат, го завршуваат училиштето и ја продолжуваат својата стара работа.