Патниците од Сплендид
„Патниците од Сплендид“ (сррпскохрватски: Путници са Сплендида) — југословенски филм од 1956 година, во режија на Миленко Штрбац. Главните улоги ги играат: Александар Стојковиќ, Драгутин Тодиќ и Рудолф Кукиќ.[1]
Синопсис
уредиГрупа постари морепловци испловува со едреникот „Сплендид“ со желба да докаже дека тој е подобар од парните бродови чија експанзија го загрозува животот на морнарите. Во една бурна ноќ, тие ја одбиваат помошта од еден парен брод, решени да издржат дури и по цена на животот. Тогаш, тие откриваат едно дете, скриено на бродот, па така започнува нивната очајничка борба за самоодржување.