Панајарви
Панајарви националниот парк (фински: Paanajärven kansallispuisto) се наоѓа во северозападниот дел на Република Карелија, во северозападна Русија.
Панајарви национален парк | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Карелија![]() |
Површина | 1,045 км2 |
Воспоставен(а) | 1992 година |
Управно тело | Министерство за природни ресурси и животна средина на Русија |
Паркот е основан во 1992 година.[1] Полноправен член е на WWF фондацијата на ПАН парковите.
Географија на паркотУреди
Националниот парк се наоѓа во близина на Северниот Поларник во северозападот на Република Карелија, во Лоухускиот реон. Западната граница на паркот се совпаѓа со границата на Русија и Финска. Површината на националниот парк е 103,3 илјади хектари. Шумското земјиште зафаќа 78 илјади хектари (75,5%), вклучувајќи го и шумското покриено земјиште - 77,5 илјади хектари (75,0%). Површината на земјиштето што не е покриено со шума е 25,3 илјади хектари (24,5%), вклучувајќи: вода - 10,9 илјади хектари (10,6%), мочуришта - 13,0 илјади хектари (12,6%), патишта и ливади- 0,2 илјади хектари (0,2 %), останатите 1,2 илјади хектари (1,1%) - други земји. Во областа на паркот нема населби.
Според одлуките на проектот, паркот е поделен на 5 функционални зони со различни начини на заштита и употреба:
- Зона на посебен режим - 6,9 илјади хектари (7% од вкупната површина) е гранична линија;
- Зона на резерви - 19,0 илјади хектари (18%);
- Подрачје на образовен туризам - 5,2 илјади хектари (5%);
- Регулирана зона за рекреативна употреба - 71,6 илјади хектари (69%);
- Услужна површина за посетители - 0,8 илјади хектари (1%).
Езерото Панајарви е единствен природен објект. Долго е 24 km, широко 1,4 km и има длабочина од 128 м. Тоа е едно од најдлабоките мали езера во светот. Езерото содржи скоро 1 km³ од најчистата вода, чија заситеност со кислород на големи длабочини (60-80 м) е најголема во однос на другите езера. Долината на езерото е опкружена со релативно високи планини, што создава посебна микроклима. Во зима, студените воздушни маси доаѓаат од планините до езерската долина, при екстремен студ, температурната разлика може да достигне до 20 °С. Зимите се многу студени, со ниски температури слични на оние што преовладуваат на Северниот пол. Но, од април до септември, паркот е забележливо потопол од околината. Ваквите екстремни температури во сливот Оланги-Панајарви овозможуваат областа на паркот да се смета за најконтинентално подрачје на Финскоскандија. Во зимските денови, светлиот ден е краток, а поларната светлина честопати е видлива. Во лето, сонцето заоѓа на хоризонтот 2-3 часа.
ГалеријаУреди
- Датотека:Vid na goru Kivakka s vodopada Kivakkakoski.JPG
Брзак на реката Кивакакоски и планината Кивакатунтури.
- Датотека:Paanajärvi National Park.png
Карта на паркот
- Датотека:Гора Кивакка со стороны водопада.jpg
- Датотека:О загадочных местечках.jpg
- Датотека:Вершина горы Кивакка.jpg
- Датотека:Нижний порог Мянтюкоски.jpg