Палмај
Палмај (изворно на француски: Palmaille) ― познат булевар во Aлтона, Хамбург. Се смета за еден од најцелосните примери на неокласично урбано уредување во Северна Европа.
Првпат развиена во 1630-тите како терен за тогаш популарната пал-мал, во текот на 18-от век, Палмај станал најбараната адреса во Алтона. Во тоа време, градот Алтона бил дел од Војводството Холштајн кое било во лична унија со Кралството Данска, а данските монарси го промовирале како жесток економски соперник на Хамбург. Богатите трговски семејства на Алтона ги имале своите величествени палати изградени од Кристијан Фредерик Хансен (1756–1845), тогашен директор на Кралската данска академија на уметностите и кралски дански мајстор-градител за Војводството Холштајн; подоцна и од неговиот внук Јохан Матијас Хансен (1786–1825). Некои од зградите биле погодени за време на Втората светска војна, но можат да се обноват според првичните цртежи на Хансен.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија за место во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |