Палата Лавсус
Палатата Лавсус (грчки: Λαυσείον) е поранешна палата која се наоѓала во Цариград, Византија.
Палатата била позната по огромната колекција која ја поседувала на статуи од митолошки херои. Овие статуи главно биле донесени од напуштените источни храмови во времето на Теодосиј II. Колекцијата содржела голем број на пагански статуи, а како најпозната била статуата на Зевс во Олимпија. Овде биле донесени и статуата на Афродита од Книдос, статуа од Хера, Атина, Ерос.
Точната локација на палатата е тема на дебата од страна на голем дел од археолозите, иако општо прифатено е дека се наоѓала на западното крило од хиподромот и дека во нејзина близина се наоѓала Антиоховиот дворец, до главната улица Месе која водела кон Златната порта[1] .
Палатата била уништена од пожар, заедно со голем дел од статуите. Денеска се смета дека Филоксеновата цистерна била изградена на темелите од оваа палата.
Наводи
уреди- ↑ Teetgen, ADA B. (2004). The Life and Times of the Empress Pulcheria Ad 399 to Ad 452. Kessinger Publishing. стр. 162. ISBN 0766196186.