Пагански времиња
Пагански времиња – македонски роман напишан од Драги Михајловски. Романот е објавен во 2019 година во издание на Просветно дело.[1] Изданието на книгата е потпомогнато од Министерството за култура на Македонија[2]
Автор | Драги Михајловски |
---|---|
Изработувач на корицата | Билјана Василева |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | историски, социјален |
Издавач | Издавачка куќа Просветно дело |
Издадена | 2019 |
Медиум | печатено издание, 140 х 210 mm |
Страници | 328 |
ISBN | 978-608-228-393-7 |
Делото е пишувано на неформален и чист македонски јазик со богати авторски изрази и зборови.
Содржина
уредиДејството се случува на македонско тло, а се споменуваат неколку локации, меѓу кој и родното огниште на авторот – Битола. Теодор Цакиќ, главниот антагонист во „Пагански времиња“, е од село Бродец – Скопска Црна Гора, кој во разговор со Смртта успева да ја надитри и оттогаш луѓето стануваат бесмртни. За својата бесмртност најмногу се радуваат стариците и старците, како што ги именува авторот, односно луѓето што ја надминале старосната граница од седумдесет години.
Стариците и старците, свесни за новонастанатата ситуација, добивајќи нови сили и храброст, ги напуштаат старечките домови и тргнуваат во поход на одмазда. Одмазда за поинакво минато. Одмазда заради неправдите. Но, кому, зошто и за што сакаат да се одмаздат? На што сè се подготвени луѓето кога смртта не може да ги убие затоа што е врзана за дрвото на Теодор Цакиќ од село Бродец?
Следува едно доста шаренолико сиже за Господ и судирот на религиите. Ова е фабула со многу богата фантазија, напишана налик македонска народна приказна и раскажана од наратор интелектуалец, кој во еден момент ќе го обожавате, а во следниот ќе сакате да го искарате затоа што користи неколку повторувачки книжевни клишеа, кои, секако, имаат своја улога, влијание и вредност во ова литературно дело.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Пагански времиња“. Просветно дело. Посетено на 1октомври 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска] - ↑ Михајловски, Драги. Пагански времиња. Скопје: Просветно дело. стр. 2. ISBN 978-608-228-393-7. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Пагански времиња“. Фејсбук. Посетено на 1 октомври 2022.