Пабло Веласкес

парагвајски фудбалер

Пабло Сесар Леонардо Веласкес Сентурион (роден на 12 март 1987 година) — Парагвајски на фудбалер, на позицијата напаѓач. Тој во моментов игра за Либертад во Парагвајската Примера Дивизион.

Пабло Веласкес
Pablo Velázquez
Лични податоци
Роден на 12 март 1987(1987-03-12)(37 г.)
Роден во Асунсион, Парагвај
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Либертад
Број 9
Младинска кариера
Атлантида
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005– Либертад 60 (16)
2009Рубио Њу (позајмен) 38 (26)
2011Сан Лоренцо (позајмен) 17 (2)
Репрезентација
2007 Парагвај 20
2012- Парагвај 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Кариера уреди

Веласкес ја започнал својата кариера во младинските сектори на Атлантида. Откако постигнал 45 гола на еден турнир за играчи под-15 години со тимот, тој се приклучил на Либертад во 2003 година. Тој го постигна својот прв професионален гол за тимот на своето деби, 10 декември 2005 година, против Досе де Октобре.

Во 2009 година, Веласкес беше позајмен на Рубио Њу. Таму, тој добива шанса да игра редовно и ја искористи можноста со тоа што стана најдобар стрелец во Парагвајската Примера Дивизион во првенството Апертура, со 16 гола во 20 натпревари. Откако завршил како најдобар стрелец, аргентинскиот клуб Ривер Плата се обидел да го ангажира во месец јули. Сепак, трансферот не се материјализира бидејќи клубот го сакаше Веласкес на заем по цена далеку под поставената од страна на сопственикот на правата на играчот, Либертад (кои беа спремни да разговараат само по цена од 3 милиони американски долари). Неколку недели подоцна, играчот одби понуда и од ЦСКА Софија за трансфер во Бугарија. Потоа во август, Ривер се обидел да го доведе повторно, и овој пат разговорите биле далеку од тоа да се постигне каков било договор. На пресот клубот дури и го потврдил трансферот, но на крајот клубовите не можеле да се согласат околу исплата. Речиси во истиот момент дошла уште една понуда од друг аргентинскиот тим, Сан Лоренцо, но тие не можеле да регистрираат парагвајски играч затоа што рокот за регистрирње на странците изминал.

По различни доаѓања и заминувања, Веласкес ја продолжува својата кариера со Рубио Њу. На Торнео Клаусура, тој постигна 10 гола во 19 натпревари, или вкупно 26 погодови во 39 натпревари за време на сезоната 2009. Затоа, тој останал најдобар стрелец во Парагвајската Примера дивизион. По една сезона, неговиот заем заврши и тој се вратил во Либертад.

На 30 декември 2010 година, Веласкес беше најавен како ново засилувања на Сан Лоренцо, во аргентинската Примера Дивизион. Тој одигра 17 натпревари и постигна два гола за Сан Лоренцо, по што во летото 2011 пак се вратил во Либертад.

Надворешни врски уреди