ПВПИ (англиски MIMO, Multiple-input multiple-output) — кратенка за поимот повеќекратен влез повеќекратен излез (Multiple-input multiple-output), што се однесува на математички модел на комуникациски систем со повеќе приемни и предавателни антени.

Во последните неколку години, технологијата ПВПИ привлекла значително внимание на полето на безжични комуникации, бидејќи овозможува значителни подобрувања во пропусниот опсег и дострелот без потреба од зголемување на фреквенцискиот опсег или моќноста на предавателот. Оваа технологија општо ја зголемува севкупната ефикасност на безжичните комуникациски системи.

Безжичната технологија ПВПИ ја користи појавата на т.н. multipath (повеќе патеки) распростирање на сигналот за да се зголеми пропусниот опсег и дострелот на сигналот или да се намалат грешките за време на преносот на податоци, додека традиционалната технологија ЕВЕИ (Еден влез еден излез) се обидува да ги елиминира ефектите од простирање на сигналот по повеќе патеки.

ПВПИ може да се користи во врска со OFDM (Мултиплексирање со ортогонална фреквенциска поделба, Orthogonal frequency division multiplexing) како дел од стандардот IEEE 802.16 и може да биде дел од стандардот IEEE 802.11n за висока пропустливост, кој се очекувало да биде завршен до 2007 година.

Историја

уреди

Џек Винтерс (Белови лаборатории) во 1984 година патентирал решение за безжични комуникации користејќи повеќе антени. Џек Салц, исто така од Беловите лаборатории, објавил труд во 1985 година за технологијата ПВПИ заснован на истражување на д-р Винтерс. Д-р Винтерс бил главен научник во Motia Inc., компанија која произведува чип за засилувач на сноп, дизајниран да работи независно од перформансите на ПВПИ.

Во 1996 година, Грег Рали и Џерард Ј. Фошини измислиле нов пристап кон технологијата ПВПИ кој ја зголемил ефикасноста. Грег Рали е основач на Airgo Networks, компанија која тврди дека е пронаоѓач на „MIMO OFDM“, нудејќи „pre-n“ чип наречен „True MIMO“ за 802.11n. Сепак, хардверот заснован на тој чипсет веројатно нема да биде компатибилен со други уреди откако ќе се финализира стандардот 802.11n.

ПВПИ и теорија на информации

уреди

Телатар покажал дека капацитетот на каналот (теоретската горна граница на пропусниот опсег на системот) за систем ПВПИ се зголемува со зголемување на бројот на антени, пропорционално со минималниот број на приемни и предајни антени. Овој резултат, заснован на теоријата на информациите, довел до бројни истражувања на ова подрачје.

Ветувањата на технологијата ПВПИ

уреди

Како пример, стандардот 802.11n („ПВПИ“) сè уште се дискутира, но со еден прототип е можно да се постигне под оптимални услови до 250 Mbit/s. Тоа е пет пати побрзо од највисоката теоретска брзина на постоечкиот хардвер заснован на стандардот 802.11g.

Поврзано

уреди