Парк на ветерни електрани „Богданци“
Парк на ветерни електрани „Богданци“ (ПВЕ „Богданци“), познат и како Ветропарк „Богданци“) — ветропарк крај градот Богданци, југоисточна Македонија. Започнал со градба во мај 2013 година и бил завршен за нешто помалку од една година, во февруари 2014 година. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година. Инсталираната моќност на ветропаркот е 36,8 MW.
Ветропарк „Богданци“ | |
---|---|
Поглед на ветерните турбини во паркот | |
Назив | Парк на ветерни електрани „Богданци“ |
Земја | Македонија |
Место | Богданци |
Координати | 41°13′43.4″N 22°33′46.8″E / 41.228722° СГШ; 22.563000° ИГД |
Изградбата почнала | 18 мај 2013 |
Трошок на изградба | 55,5 мил. € |
Сопственик | Електрани на Македонија |
Информации за турбините | |
Турбини | 16 |
Произведувач | Сименс Данска |
Висина на столбот | 80 м |
Пречник на роторот | 93 м |
Снослива ветрова брзина | 13-19 врт/мин |
Информации за ветропарк | |
Прос. надм. вис. на теренот | 424 м |
Земјишна површина | Ранавец |
Информации за произодството | |
Построен капацитет | 36,8 МВт |
Годишно производство | 100 ГВтч |
Местоположба
уредиВетропаркот „Богданци“ се наоѓа крај гратчето Богданци, на ридот Ранавец, кој се издига над Богданци. Зафаќа површина од 29 хектари.
Изградба
уредиПрва фаза
уредиПрвата фаза на проектот завршила со целосното подигнување и комплетирање на сите 16 предвидени ветерници во февруари 2014 година, додека во март 2014 година течеле активностите за нивно поврзување со електропреносната мрежа на МЕПСО.[1][2] По поврзувањето следувал пробен период во кој се испитувало нивното работење и проверка на целокупната техничка опрема, по што капацитетот влегол во редовно производство.
Во текот на март 2014 година била завршена и потребната инфраструктура и придружни објекти на ветропаркот, како што е патната инфраструктура, приклучување на новиот далновод, командната зграда и 20/110-киловолтната трафостаница.
Целокупниот проект за изградба на првиот ветерен парк во Македонија чинел 55,5 милиони евра, од кои околу 47,9 милиони евра (86,3%) се заем од Владата на СР Германија преку банката КфВ, додека останатите 7,6 милиони евра (13,7%) претставуваат сопствени средства на ЕЛЕМ.[3]
Втора фаза
уредиВо планираната втора фаза на проектот, се предвидува негово заокружување со уште шест ветерници, со кои инсталираната моќност на овој енергетски капацитет ќе се искачи на 50 мегавати, од кои годишно ќе може да се добиваат околу 125 гигават-часа зелена енергија.
Во 2018 година биле обезбедени финансии за отпочнување на втората фаза од проектот. Финансирањето било од германската банка КфВ во износ од 18 милиони евра, додека Електрани на Македонија би обезбедиле 3 милиони евра сопствени средства.[4]
Пуштање во употреба
уредиПробниот период започнал со нивното поврзување со електропреносниот систем на Македонија, а по неговото завршување, ветерниците влегуваат во редовно производство. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година.[5]
До 10 август 2014 година, ветропаркот испорачал 31 милион киловат-часови електрична енергија, што претставува една третина од неговото планирано годишно производство, односно околу 100 милиони киловат-часови струја, која е еднаква количина за задоволување на годишните потреби од струја на град од околу 60.000 жители.[6]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Заврши монтажата на ветерниците во Богданци, наскоро во производство“. Дневник. МПМ Македонија. 21 март 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 јануари 2015.
- ↑ „Се исправија првите ветерници во Македонија“. Нова Македонија. Посетено на 17 јануари 2015.
- ↑ „Ветерниците во Богданци наскоро ќе прават струја“. Дневник. МПМ Македонија. 21 март 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 17 јануари 2015.
- ↑ „Обезбедени средства за втората фаза од изградбата на ветропаркот „Богданци"“. build.mk. Посетено на 2018-12-14.[мртва врска]
- ↑ „Утре се приклучуваат ветерните електрани во мрежата на ЕВН, четири града два часа без струја“. Дневник. МПМ Македонија. 19 март 2014. Архивирано од изворникот на 2014-03-21. Посетено на 17 јануари 2015.
- ↑ „Ветерниот парк „Богданци" испорача 31 милион квч струја“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. 10 август 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 17 јануари 2015.
Надворешни врски
уреди- Енергија од ветер, ЕСМ
- „Повеќе за ветерниот парк 'Богданци'“ Архивирано на 3 февруари 2014 г., „Енергетска ефикасност“, 20.5.2013.