Очите на синото куче

Очите на синото куче (шпански: Ojos de perro azul) - збирка раскази на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес, првобитно објавена во 1974 година. Во збирката се застапени расказите напишани во периодот од 1947 до 1955 година, објавени во списанието El Espectador од Богота.[1]

Содржина

уреди

Првото издание на збирката ги содржи следниве 11 раскази:[2]

  • „Третото помирување со судбината“ (La tercera resignación), 1947
  • „Другото ребро на смртта“ (La otra costilla de la muerte), 1948
  • „Ева е во својата мачка“ (Eva esta dentro de su gato), 1947
  • „Јадот на тројцата месечари“ (Amargura de tres sonámbulos), 1949
  • „ Дијалогот на огледалото“ (Diálogos del espejo), 1949
  • „Очите на синото куче“ (Ojos de Perro Azul), 1950
  • „Жената која пристигнуваше во шест“ (La mujer que llegaba a las seis), 1950
  • „набо, црнецот кој ги натера ангелите да чекаат“ (Nabo el negro que hizo esperar a los ángeles), 1951
  • „Некој чепка меѓу овие рози“ (Alguien desordena estas rosas), 1950
  • „Ноќта на шлуките бекасини“ (La noche de los alcaravanes), 1950
  • „Монологот на Исабела додека го гледа дождот над Макондо“ (Monologo de Isabel viendo llover en Macondo), 1955

Во подоцнежните изданија се застапени и следниве раскази:[3]

  • „Тубал-Каин кова една ѕвезда“, 1948
  • „За тоа како Натанаел оди во посета“, 1950
  • „Човекот доаѓа на дождот“, 1954

Осврт кон делото

уреди

Самиот Маркес изјавил дека за него овие раскази претставувале еден вид барање на стварноста среде нестварноста. Според книжевните критичари, во неговите први раскази се чувствува влијанието на Франц Кафка, Вирџинија Вулф, надреализмот итн.[4]

Во раните раскази на Маркес е застапен целиот репертоар на клиничката патологија, со неизбежната преокупација со смртта, умирањето, гробовите, испиените очи, со често натрупување на бројни недоволно сварени придавки и споредби, но сепак, со забележителна доза на духовитост. Исто така, во нив, Маркес со голема посветеност ги испитува сите расположливи средства, вклучувајќи ја и интерпункцијата.[5]

Наводи

уреди
  1. Ojos de perro azul|editorial= Librería Nacional
  2. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015.
  3. Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015.
  4. Silvija Monros-Stojaković, „Tako se kalila mašta - Umesto pogovora“, во: Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 120.
  5. Silvija Monros-Stojaković, „Tako se kalila mašta - Umesto pogovora“, во: Gabrijel Garsija Markes, Oči plavog psa. Beograd: Sezam Book, 2015, стр. 121.