Отпревртена ракавица
„Отпревртена ракавица“ (српски: Изврнута рукавица) — расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот бил објавен во 1986 година, како дел од збирката „Руски 'рт и други раскази“.
Содржина
уредиЕсента 1810 година, додека работел со својот ученик Алекса (синот на српскиот вожд), Доситеј Обрадовиќ посакал да ја истриже косата и за таа цел ја барал ракавицата, зашто никогаш не ја допирал косата со гола рака. Набргу, тој добил пакет од Виена во кој, покрај другото, имало и шапка направена по тогашната мода. Утредента, Доситеј го преминал Дунав, а патем на една гранка ја обесил шапката. Пролетта, Доситеј повторно се сретнал со Алекса, кој му кажал дека неговата шапка станала предмет на суеверие кај луѓето. Затоа, Доситеј повторно ја преминал реката, си ја зел шапката и ја ставил на главата, но кога пристигнал пред својот дом, тој веќе лежел задавен во кочијата, а шапката побегнала по улиците на Белград. Во продолжение, авторот го повторува дејствието, но сега раскажува по обратен редослед. Расказот завршува така што Доситеј ја наоѓа изгубената ракавица.[1]
Наводи
уреди- ↑ Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 172-181.