Отпорничко-транзисторска логика

Отпорничко-транзисторска логика, RTL (скратеница од англиски: Resistor-Transistor Logic што значи „отпорничко-транзисторска логика“) – е технолошка генерација логички врати, створена во 50-тите години на 20 век. RTL била првата генерација транзисторски логички врати која се користела во дигиталната логика, подоцни генерации биле DTL и TTL. Оваа технологија била користена во некои сметачи во 50-тите и 60-тите години на 20 век.

НИЛИ (NOR) логичка врата во RTL технологија.

Функционирање

уреди

Наједноставно коло е инверторот. Високиот напон (логичка единица) на базата на транзисторот предизвикува струја во базата. Ова предизвикува струја на колекторот и напонот колектор-емитер паѓа на логичка нула (напон на заситување) 0-0,2 V.

Во НИЛИ колото на сликата, треба кој било влез да биде „висок“ за да потече колекторска струја и да произведе логичка нула на излезот.

Предности и недостатоци

уреди

Предност на оваа технологија малата потрошувачка на транзистори, што во 50-тите години било важно заради високата цена на транзисторите.

Освен тоа, бројот на влезови лесно можел да се зголеми со додавање на отпорници на базата, и понатаму користејќи само еден транзистор.

Овие предности исчезнале со појавата на интегрирани кола, каде било полесно да се додаде транзистор или диода наместо отпорник.

Недостаток на оваа технологија е приличното трошење на струја во состојба на логичка нула (транзисторот во заситување).

Подобрувања

уреди

Користени се разни методи за да се забрза работата на транзисторите во RTL колата. Некои од нив еволуирале во RCTL и DTL.

RCTL (англиски: Resistor-Capacitor-Transistor Logic) што значи „отпорничко-кондензаторско-транзисторска логика“ е технолошка генерација логички врати, створена во 50-тите години на 20 век.

RCTL е модификација на RTL технологијата, со додатни кондензатори паралелно со отпорниците на базата на транзисторот.

Кондензаторите овозможиле побрза работа, но и осетливоста на пречки била зголемена, како и бројот на компоненти.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди