Диодно-транзисторска логика

(Пренасочено од DTL)

Диодно-транзисторска логика, DTL (скратеница од англиски: Diode-Transistor Logic што значи „диодно-транзисторска логика“) – е технолошка генерација логички врати, створена во 50-тите години на 20 век. DTL била втората генерација транзисторски логички врати која се користела во дигиталната логика, подоцната генерација била TTL. Оваа технологија била користена во некои сметачи во 50-тите и 60-тите години на 20 век.

НИ (NAND) логичка врата во DTL технологија.

Функционирање уреди

Во НИ колото на сликата, кога двата влеза (катодите на диодите) се во состојба на логичка единица, струјата не проаѓа низ нив, туку низ базата на транзисторот. Тоа тогаш предизвикува колекторска струја и излезниот напон паѓа на логичка нула.

Треба да се забележи дека во секој друг случај, струјата проаѓа низ диодата (или низ двете диоди) и нема струја на базата, значи имаме логичка единица на излезот.

Ова е значи НИ коло (англиски: NAND).

Предности и недостатоци уреди

Предност је зголемениот „фен-ин“ (бројот на влезови на логичкото коло) во однос на RTL [1].

Недостаток на оваа технологија е приличното трошење на струја во состојба на логичка нула (транзисторот во заситување).

Подобрувања уреди

Користени се разни методи за да се забрза работата на DTL колата. Некои од нив еволуирале во TTL.

Употреба уреди

Сметачот IBM 1401 користел DTL логика[2]).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Jacob Millman (1979). Microelectronics Digital and Analog Circuits and Systems. New York: McGraw-Hill Book Company. стр. 141–143. ISBN 0-07-042327-X.
  2. „computermuseum.li“. Архивирано од изворникот на 2017-05-23. Посетено на 2018-08-29.

Надворешни врски уреди